Бесплатни влезници за дигиталната иднина – DAMconf 2018
Сакате да дознаете како ќе изгледа иднината на дигиталниот маркетинг? Ве интересира како најновите технологии ја менуваат маркетинг индустријата? Се прашувате како новите трендови влијаат на однесувањето на вашата публиката?
Доколку потврдно одговарате читајќи го ова, облежете го 15ти Ноември во вашиот календар, датум резервиран за DAMconf 2018!
Петта година по ред, Загреб ќе биде збирно место каде експерти за дигитален маркетинг и технологија ќе ги споделат своите искуства и знаења, а ние ви нудиме можност бесплатно да присуствувате на овој регионален настан каде маркетингот и технологијата се обединуваат!
ОСВОЈТЕ БЕСПЛАТНИ ВЛЕЗНИЦИ
20 влезници, 10 наградни кругови – што значи 10 шанси да освоите бесплатни влезници за конференцијата. Два круга веќе се поминати, а доколку сте ги пропуштиле, се уште имате шанса да бидете еден од добитниците во останатите осум.
За да бидете во тек, следете го ClickAttack профилот на LinkedIn каде што се објавуваат наградните прашања и добитниците. Третиот круг е во тек, па уклучете ја својата креативност. Најинтересните, најзабавните или најпаметените одговори се потенцијални добитници на бесплатни влезници.
Среќните добитници заедно со останатите посетители ќе имаат можност да слушнат за успешни случаи на познати брендови како и да научат од најдобрите практики на дигиталниот маркетинг дирeктно од експертите.
Учестувајте во натпреварот ОВДЕ
НАУЧЕТЕ ОД ЕКСПЕРТИТЕ КАКО ДА ЈА ОБЛИКУВАТЕ ИДНИНАТА
David Skerret, кој по четврти пат ќе гостува на DAMconf, вели: “Единствената константа овие денови е промената”, а ние потполно се согласуваме со него. David им помага на брендовите да се прилагодат на бизнис можностите кои ги овозможуваат новите технологии и трендови, а вие ќе имате прилика да слушнете точно на кој начин.
Nick Bićanić ќе зборува на тема “UX за идната технологија”. Тој е сериски претприемач и моментално се смета за еден од водечките Mobile Product визионери во Силициумската долина.
Geneca Loader втор пат на DAMconf, оваа година ќе нè запознае со “Дигиталната трансформација”.
Најдобрите и најлошите примери за поврзување на публиката со брендовите ќе ги презентира Scott Goulds, автор на книгата “The Shape of Engagement”
“Omnichannel поврзување” е темата која James Williams ќе ја презентира на публиката. James е основач и CEO на компанијата MrConnectivity, консултантска компанија со примарен фокус на “Mobile Engagement”
Ова е само дел од тоа што можете да очекувате на овогодинешниот DAMconf. Сите детали за конференцијата и комплетната програма ќе бидат објавени наскоро.
UNIVERSAL MEDIA ZAGREB – ОФИЦИЈАЛЕН ПАРТНЕР НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА
Ако сте дел од маркетинг светот, тогаш сигурно сте веќе запознаени со работата на Universal Media (UM).
Креативна медиумска агенција посветена на бришење на границите помеѓу медиумите и креативноста, податоците и содржините, науката и уметноста, ќе биде дел од организацијата на 5тиот DAMconf. Заедно со UM, главниот организатор ClickAttack ќе ви даде увид во дигиталната иднина преку бројни предавања од професионалци и интересни работилници.
Повеќе информaции за конференцијата и Early bird влезниците можете да пронајдете на damconf.com.
Се гледаме!