Емоџите го заменуваат текстот – што е следно?

Петтото издание на Damconf во Загреб, 15ти ноември 2018

Технологијата го промени начинот на којшто комуницираме, одржуваме контакти и генерално се однесуваме во општеството. Сведоци сме само на почетокот на промените, бидејќи најголемите тек следуваат.

Личниот асистент на Google наскоро ќе нè најавува на доктор или фризер. Холограмите ќе ги заменат рецепционерите, а наместо типкање на тастатура ќе управуваме со глас или движење.
Какво ли влијание ќе имаат овие нови однесувања и трендови врз маркетингот?

Поблиску отколку што мислиме

Оваа иднина може навидум делува далеку, но трендовите покажуваат друго. За струјата и телефонот биле потребни 20-30 години да бидат прифатени од 10% од домаќинствата (Harvard Business Review, 2013). Паметните телефони пак со нивното појавување на пазарот, за помалку од 10 години стануваат секојдневен уред кој го кристи 40% од популацијата.
прифаќањето на новите технологии расте експоненцијално. Колку сте вие лично спремни за истите, а колку вашиот бренд?

Early bird цена за DAMconf влезници

Под слоганот „Be smart. Live digital.“ Петта година по ред во Загреб ги собираме маркетиншките професионалци, инфлуенсери, медиуми и брендови од регионот на Југоисточна Европа. На минатогодишната конференција присуствуваа повеќе од 700 представници од маркетинг и адвертајзинг агенции, познати брендови, медиуми и технолошки компании од целиот регион.
По присуствотот на петтото издание на Damconf, ќе можете спремно да ги дочекате новите трендови и паметно да ги искориститие начините на кои публиката креира однос со вашиот бренд.
Искористете го Early Bird попустот кој е во тек и резервирајте го своето место на конференцијата на време и по намелена цена.

Глобалното знаење на регионално ниво

Помеѓу говорниците на конференцијата се наоѓаат светски експерти од Велика Британија, САД и други западноевропски земји како и регионални експерти за дигитален маркетинг:

и многу други
На петтото издание на Damconf ќе чуете искуства од адвертајзинг агенции, податоци од истражувања кои ги спроведуваат брендовите, дигиталната трансформација, начините на кои можете да делувате на публиката и како да се поврзете со неа преку повеќе канали, како и многу други теми неопходни за развој во дигиталната ера на маркетингот.
Како новост, оваа година за вас спремаме работилници на кои ќе можете да ја научите умешноста на убедување при презентација на вашите креативни концепти како и да креирате кампањи со ограничен буџет и време.
Повеќе за конференцијата и за влезниците на www.damconf.com.

Стани дел од листата на ClickAttack маркетинг инсајдери.
Претплати се за вести и корисни совети од светот на дигиталното рекламирање

Може ќе ве интересираат и овие написи

200+ Медиумски Партнери

Контакт

ClickAttack
11 Октомври бр 25
1000 Скопје, Македонија
Telefon:+389 2 3209 188
Email: info.mk@clickattack.com

Дознај повеќе