Ad Gamification – Зошто рекламите конципирани како мобилни игри се успешни

Дали сакате да имате мобилна кампања со надпросечни резултати? Една од опциите е да користите интерактивно мобилно огласување што интегрира елементи од игра (Ad Gamification), а преку нив го поттикнува крајниот корисник да земе активно учество. Во процесот на дизајнирање на мобилниот оглас, освен  креативност и маркетинг искуство, потребно е и добро познавање на видот и целта на самта игра.

Зошто не привлекуваат игрите во мобилните реклами?

Најдобро е да ви покажаме еден пример. Национален телекомуникациски оператор m:tel во Босна и Херцеговина, тимот нa ClickAttack започна маркетинг кампања со мобилна реклама преку игра. Преку кампањата, m:tel промовираше акција за најновата “Frend” тарифа со неограничен мобилен интернет сообраќај. Концептот на кампањата беше врз основа на стандардна игра на меморија, во која е потребно да се поврзат исти парови на симболи и икони. Кампањата постигна одлични резултати со Click Through Rate (CTR) од 4,19% при HTML5 оглас на цел екран (т.н. Fullscreen банер) каде 0.75% од корисниците ја одиграа целата игра до крај и потрошено време во просек од 35 секунди од корисник.

CAblog1

Зошто ги сакаме игрите

Зошто некои игри се успешни, додека други не? Зошто светот полуде по Candy Crush и зошто поминуваме часови играјќи WoW или Assasin’s Creed?  Зад секоја успешна игра, не се крие среќа, туку психологија. Затоа се препорачува добро познавање на основните принципи на создавање на игри и истите целосно да се искористат при креирање на мобилни кампањи.

Jon Radodff, американски претприемач, автор и дизајнер на играта “Game On: Energize your Business with Social Games”, вели дека постојат 42 основни причини (FUNdamentals) кои создаваат забава. Кога овие 42 причини ќе ги поврзиме со 16 основни човекови мотиватори (според  д-р Stevenu Reissu) може да ja направиме идеалната игра која ќе ги активира психолошки “тригери” кај крајниот корисник.

Херој или бунтовник, ред или неред

Според горенаведената комбинација на основните причини (FUNdamentals) и мотиваторите, токму препознавањето на причините на FUNdamentals на моделот (фундамент) поттикнува љубопитност и потреба за ред и поредок (мотиватори). Затоа игрите како Candy Crush се популарни кај најшироката публика.

Кога играме игра во улога на херој, кај нас се активираат голем број на мотиватори меѓу кои и моќ, независност, чест, идеализам, социjални контакти, статус, одмазда и романса. Слични мотиватори се активни и кога ќе влеземе во улога на бунтовник. Во зависност од тоа кој психолошки момент сакате да го достигнете во играта, користете ја оваа комбинација за да најдете соодветен баланс во вашата игра (прочитај повеќе).

Секоја игра има своја приказна

Кога мислиме на мобилни кампања, особено кога станува збор за интерактивни реклами, важно е да не се фокусираме само на интерактивностa. Таа мора да биде во служба на приказната што сакаме да ја раскажеме на нашата таргет група. Да се вратиме на конкретната приказна за m:tel. Во нашиот случај играта со мемориње на слики беше одличен избор со оглед дека целта на кампањата e подигање на свеста за новиот тарифен модел како и високо ниво на вклученост на корисниците во самата игра.

Погледнете го видеото за кампањата и резултатите.

Дали до сега сте имале искуство со интерактивни кампањи, кои го користат принципот на мобилна игра? Споделете го Вашето мислење со нас преку #ClickAttackAds на Twitter! Доколу ви треба помош за вашата прва маркетинг кампања што користи мобилна игра слободно контактирајте го нашиот тим на искусни мобилни маркетери!

Стани дел од листата на ClickAttack маркетинг инсајдери.
Претплати се за вести и корисни совети од светот на дигиталното рекламирање

Може ќе ве интересираат и овие написи

200+ Медиумски Партнери

Контакт

ClickAttack
11 Октомври бр 25
1000 Скопје, Македонија
Telefon:+389 2 3209 188
Email: info.mk@clickattack.com

Дознај повеќе