Case Study: Како Бата ја зголеми посетеноста и лојалноста со интерактивна мобилна кампања

Клиент

Bata како познат светски бренд за производство и малопродажба на чевли, успешно се позиционира на македонскиот пазар уште од 2006 година базирајќи се на квалитет достапен за сите и задоволувајќи ги променливите потреби на модерните потрошувачи. Долгогодишно функционирање на Bata освен од иновативниот пристап кон дизајнот е предводено и од комуникацијата со своите потрошувачи за што потврдува и нивната интерактивна мобилна кампања во соработка со ClickAttack.

Предизвик

За својот десетгодишен роденден во Македонија, Bata се соочи со предизвикот како на  иновативен начин да ја искомуницира роденденската порака со своите потрошувачи и истовремено да ги награди за нивната лојалност кон брендот во изминатиот период.

Беше потребен оригинален начин за комуникација со кој ќе се привлече вниманието на модерниот потрошувач и креативна порака која ќе го натера на офлајн реализација на понудата која се комуницираше.

Како би го оствариле сето тоа, од Bata се одлучија за интерактивна кампања со мобилно огласување преку нашата огласувачката мрежа, ClickAttack.

Bata_News_630x400

Решение

Нашиот креативен тим предложи решение кое ја следеше роденденската тема на Bata. Сметајќи го мобилниот телефон за најперсонален уред, решивме преку него да доставиме вредносен купон дирекно во рацете на потрошувачот.

Креативата беше изведена преку HTML5 мобилен банер, кoj бараше интеракција од корисникот. На банерот беше прикажан подарок во кој се наоѓаше купонот. Корисникот требаше да помине со прст преку екранот, како би го отворил подарокот. Купонот го комуницираше попустот и начинот на кој може да се искористи, а банерот нудеше опција со која корисникот можеше истиот да го преземе во дигитална форма и да го зачува директно во својот телефон.

Идејата со ваквиот начин на комуникација беше корисниците активно да се вклучат во кампањата како би останала запаметена и да се искористат можностите на мобилното огласувае за да се мотивираат корисниците да дојдат во продавниците на Bata.

Кампањата траеше седум дена пред роденденската недела во Bata кога практично можеа да се искористат купоните со попуст со прикажување од мобилниот телефон.

Резултат

Кампањата беше поставена на нашата платформа со соодветен медиа план и таргетирање. Резултатите покажаа дека корисниците активно се вклучиле во интеракција со банерот со стапка на Click-Through-Rate од 17,78% што е над просекот за мобилни кампањи, а самото преземање на купонот било направено повеќе од 2.300 пати. Интерактивната мобилна кампања понуди ново искуство на корисниците во комуникација со брендот, а на Bata нов начин за градење лојалност кон своите купувачи.

Bata mobilna kampanja gif

Оваа кампањата со интерактивно мобилно огласување беше прва од ваков тип во Македонија која го претстави новиот тренд во дигиталниот адвертајзинг и се покажа како успешен пример како со користење на мобилниот како адвертајзинг канал може да се реализираат офлајн маркетиншки цели.

Стани дел од листата на ClickAttack маркетинг инсајдери.
Претплати се за вести и корисни совети од светот на дигиталното рекламирање

Може ќе ве интересираат и овие написи

200+ Медиумски Партнери

Контакт

ClickAttack
11 Октомври бр 25
1000 Скопје, Македонија
Telefon:+389 2 3209 188
Email: info.mk@clickattack.com

Дознај повеќе