Black Friday и Cyber Monday накратко: Mobile ги руши рекордите!

Продажбата преку мобилни уреди ги руши рекордите

Black Friday и Cyber Monday се едни од централните точки на празничната шопинг сезона и сега се позади нас. Маркетерите и трговците дадоа се од себе да ги пронајдат најдобрите стратегии за освојување на вниманието на современите потрошувачи, ама и на нивните паричници. Повеќе него било кога, брендовите работат на индивидуализација како би понудиле на секој потрошувач вистински производ во вистинско време, а со тоа максимално да ја искористат секоја интеракција.
Рекордната продажба преку мобилните уреди остварена на Black Friday и Cyber Monday не е случајна. Таа е резултат на трудот кој илјадници маркетиншки стручњаци го вложија во создавање на маркетиншки стратегии дизајнирани да го привлечат вниманието на купувачите за време на овој период. Од друга страна пак потрошувачите прегледувајќи ги интернет сајтовите преку мобилните уреди се среќаваа со нивните огласи, што резултираше со зголемување на прометот на страниците на огласувачите.

Black Friday го совлада Cyber Monday по бројот на пребарувања за купување преку мобилените уреди

Според извештајот на Salesforce, Black Friday имаше најголем број на мобилни пребарувања за купување во текот на цел ноември, совладувајќи го и Cyber Monday, дотогаш познат како најважниот ден во годината за дигитален шопинг. Објаснувањето за ваквиот расплет е во две клучни промени: потрошувачите ја поместија својата дигитална потрошувачка на Black Friday, а и самите трговци на тој ден пристапија како клучен ден за дигитално купување.

Мобилното огласување доведе и до зголемување на прометот во физичките продавници

Покрај пребарувањето на најдобрите онлајн понуди, потрошувачите се насочија кон мобилните канали како би ги пронашле и најдобрите понуди во физичките продавници. Во споредба со просечен викенд во ноември, прометот во физичките продавници порасна за 65% на Black Friday, што покажува дeка купувачите и понатака сакаат да ги посетуваат продавниците поради празничниот шопинг. Тоа го докажува и примерот од нашиот клиент од Хрватска кој го искористи мобилното огласување како би привлекол купувачи во своите физички продавници.


Harvey Norman го користеше мобилното огласување за двете кампањи. Дел од нивата кампања за Cyber Monday беше Fullscreen HTML5 интерактивен банер чија цел беше да ги поттикне корисниците на интеракција. Со користење на забавна креатива прилагодена на корисникот на мобилниот уред, целната публика имаше прилика да се информира за понудата на оригинален и занимлив начин.

Се повеќе потрошувачи купуваат преку мобилни уреди

Поентата е јасна – се повеќе купувачи одбираат мобилни уреди како средство за празничен шопинг, а нивниот дел во продажбата со сигурност ќе продолжи да расте. Доколку се уште не сте со подготвиле за новите предизвици, крајно време е да се припремите себе, вашата компанија, веб станица и апликација!

Стани дел од листата на ClickAttack маркетинг инсајдери.
Претплати се за вести и корисни совети од светот на дигиталното рекламирање

Може ќе ве интересираат и овие написи

200+ Медиумски Партнери

Контакт

ClickAttack
11 Октомври бр 25
1000 Скопје, Македонија
Telefon:+389 2 3209 188
Email: info.mk@clickattack.com

Дознај повеќе