Case Study: Pan-pek “Совршениот појадок”

Клиент

Pan-pek е водечка хрватска компанија во производство на пекарски и слатки производи. Компанијата нуди широка палета на производи – од обични до специјални видови на леб и пецива, свежи пекарски колачи и торти, како и производи по порачка. Со цел да ги препознаат и задоволат потребите на своите корисници и да го испромовираат својот бренд, Pan-pek одбраа атрактивно и забавно решение кое им го понуди тимот на ClickAttack.

pan-pak Casestudy Clickattack-1

Предизвик

Како би обезбедилe предност на својот бренд пред конкуренцијата, Pan-pek се одлучија за кампања со мобилното огласување преку платформата на ClickAttack. Целта на кампањата не беше само да се допре до потенцијалните и постоечките крисници, туку преку анимирање на креативен начин да се натераат потрошувачите да дојдат до најблиските Pan-pek продажни места.

Земајќи во предвид дека пекарските производи се категорија која е атрактивна за поширока публика, речиси секој можеше да биде потенцијален купувач. Така, пораката која требаше да биде пренесена, мораше да биде внимателно одбрана за да го привлече вниманието на целата публика. Исто така, кампањата визуелно требаше да го прати бренд идентитетот и постоечките визуелни елементи и истовремено да ги вклучи новите производи од понудата.

Решение

Креативниот тим на ClickAttack за мобилната кампања на Pan-pek во фокусот ги стави мобилните корисници кои се постјано во движење, барајќи начин за привлекување на нивното внимание уште од рано наутро. Промотивната акција на Pan-pek беше прикажувана директно на мобилните уреди на крисниците кои беа на својот пат накај работа или училиште, преку интерактивен банер користејќи т.н. “rich media” ефекти. Креативниот концепт на банерот кој го привлече нивното внимние, налагаше да се превземе акција – бришење на екранот на мобилниот телефон со прст кој изгледа како да е покриен со брашно со што би се открило како изгледа СОВРШЕНИОТ ПОЈАДОК. Со ваквата интеракција се откриваше актуелната вкусна понуда на Pan-pek, целејќи најмногу кон оние кои излегле од дома непојадувани и имале во план да го сторат тоа по пат или за време на паузата на работа или на училиште. Имајќи ја во предвид крајната цел на кампањата, корисниците да дојдат во продавниците на Pan-pek, банерот како краен повик за акција им овозможи на корисниците да ја откријат најблиската продавница прикажувајќи им мапа на сите Pan-pek локации, што дополнително би влијаело и би ја олеснило нивната одлука да го сторат тоа.

Како решение беше понудена капања со интерактивен HTML5 банер – SCRATCH. Кампањата беше поставена преку мобилната огласувачка мрежа на ClickAttack и му овозможи на Pan-pek да се поврзе со својата целна публика на оригинален и атрактивен начин.

Резултат

Првата кампања со мобилно огласување на Pan-pek постигна голем успех и т.н. “engagement” со целната публика. Успеа корисниците да ги информира и заинтересира на начин кој дополнително предизвика намера да ги посетат најблиските продажни места на Pan-pek. Резултатите покажаа дека активно се вклучиле во интерактивноста на банерот со стапка на Click-Through-Rate од 31,77% што е 168% повеќе од просекот во индустријата.

GIF-3

Продолжение на кампањата

Врз основа на податоците од спроведената анализа по завршувањето на  “rich media” кампањата со интерактивниот HTML5 банер, беа идентификувани сегменти со висок перформанс во зависност од мобилните сајтови, мобилните оператори, уредите и географските карактеристики на публиката. Соред таа анализа кампањата беше продолжена со три дополнителни креативни банери, така што секој од нив таргетираше различна публика.

Целна публика: Средношколци и млади

Креативен концепт: Pan-pek како префериран избор за сладок или солен оброк за време на големиот одмор на училиште

Банер формат: Full Screen Анимиран GIF

CTR: 20,75%

 

GIF-2

Целна публика: Вработени и деловни луѓе

Креативен концепт: Совршен почеток на работниот ден кој покрај кафето подразбира и сладок кроасан од Pan-pek

Формат на банер: Full Screen Анимиран GIF

CTR: 18,41%

GIF-31

 

Целна публика: Љубители на готвење и фамилијарно ориентирани луѓе

Креативен концепт: Експериментирање со специјални видови на леб достапни во Pan-pek

Формат на банер: Full Screen Анимиран GIF

CTR: 20,26%

GIF-4

Врз основа на анализата на сите креативи и формати на банери во кампањата, може да се заклучи дека кога корисниците се анимирани преку интерактивен HTML 5 мобилен банер, целокупниот перформанс на кампањата е подобар.

Дали сте спремни да го интегрирате мобилното огласување во вашата маркетинг кампања? Контактирајте не денес и нашиот тим ќе ви помогне на брз и едноставен начин да ја ингегрирате вашата кампања преку огласувачката мрежа на ClickAttack!

Стани дел од листата на ClickAttack маркетинг инсајдери.
Претплати се за вести и корисни совети од светот на дигиталното рекламирање

Може ќе ве интересираат и овие написи

200+ Медиумски Партнери

Контакт

ClickAttack
11 Октомври бр 25
1000 Скопје, Македонија
Telefon:+389 2 3209 188
Email: info.mk@clickattack.com

Дознај повеќе