ClickAttack Годишен Извештај 2015: Најдобрата алатка за донесување на одлуки во мобилното рекламирање

Добар маркетинг се состои делумно од искуство, делумно интуиција и дел од квалитетни податоци. Тимот на ClickAttack го подготви најсеопфатниот извештај кој ќе ги олесне одлуките за мобилно рекламирање во SEE регионот и ќе ја зголеми неговата исплатливост.

Како да го користите годишниот извештај на ClickAttack?

Годишниот извештај го подготвивме на тој начин што на брендовите и агенциите им овозможуваме увид кој се однесува на однесувањето и навиките кај мобилните корисници во регионот. Дознајте кои типови на мобилни реклами имаат најдобри резултати, како изгледаат креативните решенија на кои корисниците реагирале најдобро, каква е интеракцијата со HTML5 огласите. Информациите ќе ви помогнат во одлуката околу распределба на маркетинг буџетот и поефикасно користење на мобилниот канал.

однесување на мобилните корисници во регионот

Медиумите и девелоперите на мобилните апликации преку извештајот можат да дознаат кои модели на мобилни уреди се најпопуларни и на кои оперативни системи е потребно да се фокусираат при планирањето на идните мобилни апликации. Извештајот исто така нуди увид во уделот на мобилно рекламирање по индустриски вертикали, што може да обезбеди увид на постоечките пазарни сегменти кои се подготвени за експлоатација.

Но тоа е само дел од информациите кои Годишниот Извештај ги нуди. Во извештајот ќе најдете богати информации кои се релевантни не само за мобилно рекламирање туку и за развој на мобилни канали. Податоците кои ќе ги пронајдете се корисни за сите кои на било кој начин учествуваат во мобилната револуција во регионот на Југоисточна Европа.

удел во мобилното огласување по индустриски вертикали (пазари)

Извор на податоците

Сите податоци од Годишниот Извештај на ClickAttack се добиени преку интерен Business Intelligence систем преку кој ги следиме сите кампањи доставени преку нашиот Mobile Ad Server во текот на 2015-та година. ClickAttack е присутен во 8 земји од регионот, но некои земји се додадени подоцна во 2015-та година и не се обезбедени доволен број на кампањи кои ќе прикажуваат релевантни информации за засегнатата земја. Поради таа причина, некои податоци за одредени земји не се прикажуваат во сите делови од Извештајот.

Преземете го Годишниот Извештај на ClickAttack

Стани дел од листата на ClickAttack маркетинг инсајдери.
Претплати се за вести и корисни совети од светот на дигиталното рекламирање

Може ќе ве интересираат и овие написи

200+ Медиумски Партнери

Контакт

ClickAttack
11 Октомври бр 25
1000 Скопје, Македонија
Telefon:+389 2 3209 188
Email: info.mk@clickattack.com

Дознај повеќе