ClickAttack гости предавачи на Универзитетот Американ Колеџ Скопје

Тимот на ClickAttack Македонија на покана од Универзитетот Американ Колеџ Скопје одржа гостинско предавање за студентите во трета година на тема мобилно огласување. Во рамки на часовите Маркетинг комуникација и Мултимедија, кај Проф. д-р Илијана Петровска и Доц. м-р Тони Васиќ, маркетинг студентите од бизнис факултетот имаа можност да научат повеќе за основите на мобилното огласување, но и да видат реализирани маркетинг кампањи на мобилен телефон, развиени и имплементирани во мрежата на ClickAttack.

Во оваа насока Проф. Петровска истакна, “Универзитетот Американ Колеџ Скопје настојува на своите студенти да им овозможи практично знаење и вештини, и поради тоа самите предавања ги правиме интерактивни и со вклучување на деловната заедница. Студентите понатаму ќе развиваат целосна маркетинг комуникациска кампања каде се надеваме ќе вклучат и комуникација со мобилно огласување”.

Преку презентација која паралелно го опфати и портфолиото на услуги на ClickAttack, студентите имаа можност да дознаат зошто мобилното огласување е брзорастечки тренд во дигиталното рекламирање и кое од своја страна бележи се поголема подем и пракса од страна на огласувачите во регионот. Беше прикажан и практичниот дел од работењето на една премиум мрежа за мобилен адвертајзинг, давајќи им увид на идните маркетинг професионалци во комплетниот тек на активностите помеѓу сите учесници во процесот и опциите за таргетирање.

“Базирајќи се на експертизата која ја имаме како премиум адвертајзинг мрежа за мобилно огласување и фидбекот кој го имаме од пазарот, успеавме да ги запознаеме студентите со мобилното огласување како маркетинг комуникациски канал кој нуди напредни можности за таргетирање и речиси неограничени креативни можности за привлекување на вниманието на крајните корисници”, изјави Марина Мартиновска, Account Manager во ClickAttack.

600x400_2

“Факт е дека мобилното огласување нуди речиси неограничени креативни можности за привлекување на вниманието на крајните корисници и токму тоа се обидовме да им го покажеме на студентите со реални успешни примери од портфолиото на ClickAttack”, додава Марина.

Дополнително и од особен интерес за студентите беше можноста да дознаат за многубројните опции за креативно пренесување на маркетинг пораките до крајните корисници и да видат практични примери и резултати од креативно и интерактивно огласување на мобилен уред.

Стани дел од листата на ClickAttack маркетинг инсајдери.
Претплати се за вести и корисни совети од светот на дигиталното рекламирање

Може ќе ве интересираат и овие написи

200+ Медиумски Партнери

Контакт

ClickAttack
11 Октомври бр 25
1000 Скопје, Македонија
Telefon:+389 2 3209 188
Email: info.mk@clickattack.com

Дознај повеќе