Дали вреди да бидеш креативен во мобилното огласување?

Мобилната технологија нуди нови и возбудливи можности за маркетинг. За мобилното рекламирање тоа конкретно значи сосема нов спектар на технички и тактички опции кои со традиционалното рекламирање не се можни. Така збогатено мобилно рекламирање доведува до зголемување на креативноста во начинот на кој ја анимираме публиката, без разлика дали тоа е во насока на промовирање на нов производ или услуга, директни посети на веб-сајт или добивање на нови клиенти преку мобилна апликација.

И понатаму преку инвестиција во мобилно рекламирање се гледа само исплатливост, додека едно легитимно прашање останува неодговорено:  колку вреди да се биде креативен во мобилното рекламирање?

Размислувајте надвор од мобилното огласување

Генерално, креативноста во рекламирањето се користи за да се идентификуваат проблемите со кои корисниците се соочуваат, и прикажување на производ или услуга  кој го решава овој проблем. Затоа е неопходно да се погледне подалеку од самата реклама.

Пример на мобилно рекламирање кои немаат добри резултати се оние реклами кои се само намалена верзија од десктоп реклами. Со нив се намалуваат предностите на мобилното рекламирање и користење на мобилната технологија.

креативност во мобилно рекламирање

Креативноста дава резултати

Бизнисот се менува, а за тоа може да се заблагодариме на креативноста. Затоа, вашата компанија треба да инвестира повеќе во креативни мобилни кампањи, кои може да ги обезбедат најдобрите резултати за вашиот бренд. Иако врската меѓу бизнисот и креативноста не е секогаш директна, вистината е дека заедно произведуваат неверојатни резултати. Колку вашите мобилни реклами се покреативни, толку поголеми се шансите за зголемување на продажбата и добивање на вистински бизнис резултати.

Сакате да дознаете повеќе корисни совети за мобилен маркетинг? Претплатете се на нашиот билтен или контактирајте не за мобилна кампања.

Стани дел од листата на ClickAttack маркетинг инсајдери.
Претплати се за вести и корисни совети од светот на дигиталното рекламирање

Може ќе ве интересираат и овие написи

200+ Медиумски Партнери

Контакт

ClickAttack
11 Октомври бр 25
1000 Скопје, Македонија
Telefon:+389 2 3209 188
Email: info.mk@clickattack.com

Дознај повеќе