Подравка го избра Ad Server-от на ClickAttack

Повеќегодишната соработка помеѓу ClickAttack и прехрамбената дива Подравка, кулминираше на почетокот на 2016та кога нивниот бренд Coolinarka почна да го користи ClickAttack Ad Server-от за прикажување на мобилни и десктоп кампањи.

Оваа стратешка одлука беше донесена благодарение на моќните опции кои ги нуди Ad Server решението на ClickAttack. Меѓу другото, ClickAttack Ad Server е облак решение за прикажување на реклами на мобилни и десктоп уреди и поддржува напредни опции на таргетирањe, богати огласни единици, оптимизирано управување со кампањите и огласниот инвентар, флексибилно известување на интеграцијата со Ad тагови и OpenRTB протокол.

Coolinarika Ad Server

И покрај многубројните функционалности и напреди опции за управување со рекламниот инвентар, корисничкиот интерфејс на нашата алатката е едноставен, паметно дизајниран со фокус на интуитивност при користење и брза активација на кампањите. Иако првично е креиран за медиуми, Ad Server можат да го користат и маркетинг агенциите за оптимизација на буџет и максимизација на резултатите при мобилните и десктоп кампањи.

Контактирајте не за дополнителни прашања и начинот како ClickAttack Ad Server може да го искорисите за вашиот бизнис.

Стани дел од листата на ClickAttack маркетинг инсајдери.
Претплати се за вести и корисни совети од светот на дигиталното рекламирање

Може ќе ве интересираат и овие написи

200+ Медиумски Партнери

Контакт

ClickAttack
11 Октомври бр 25
1000 Скопје, Македонија
Telefon:+389 2 3209 188
Email: info.mk@clickattack.com

Дознај повеќе