Mobile Apps & Webs

Денес има 3,5 милијарди интернет корисници во светот, што го прави поседувањето на веб-сајт само по себе недоволно да се дојде до нив. Се проценува дека 1,2 милијарди луѓе пристапуваат на интернет од мобилнен уред што со други зборови значи дека големи се шансите да се онлајн преку нивните телефони.

Сте се обиделе ли некогаш да пристапите на веб-сајт преку вашиот мобилен? Корисниците нема да се задржат на веб-сајт кој не е оптимизиран за мобилен. Всушност, истражувањата покажуваат дека 57% од корисниците на мобилни уреди ќе го напуштат вашиот сајт ако времето потребно за вчитување е подолго од 3 секунди.

Ако сликите и текстот не се прикажуваат правилно или се вчитуваат предолго, многу веројатно е дека корисниците ќе преминат на конкурентски портал кој е оптимизиран за мобилен.

Реалноста е дека многу сајтови сеуште не се оптимизирани за на мобилни уреди. Според една неодамнешна анкета, само 56% од малите бизниси имаат веб-сајт кој се прилагодува на сите уреди, така што лесно можете да добиете конкурентна предност  доколку вашиот веб-сајт  е оптимизиран за мобилен.

Кои се предностите од мобилна апликација за медиумите?

Мобилните апликации имаат свој сет на значајни придобивки кои го прават конзумирањето на содржината брзо и удобно за корисниците.

# 1 на листата е брзиот пристап до содржините, и

# 2 е пријатното корисничко искуство благодарејќи на добрата организираност на апликацијата

Споредено со веб-прелистувачот, преку апликацијата секоја акција е временски пократка, а тоа значи подобро прикажување на визуелните елементи и генерално пократко време за вчитување на сите содржини. Исто така поседувањето на мобилна апликација овозможува пристап до содржините и доколку корисникот не е онлајн, така што корисниците би ја користеле апикацијата и кога не се во можност да се поврзат на интернет.

А од друга страна кога корисниците се онлајн, ќе добиваат ажурирање на содржините во реално време и ќе бидат во тек со сите важни вести или настани, како и со сите ваши услуги.

Соработувајте со нас

ClickAttack е премиум мрежа за огласување, лидер во ЈИЕ регион со цел да и обезбеди на корисниците најдобро можно искуство на мобилните реклами.

Контактирајте нè!

Наши задоволни клиенти

Контакт

ClickAttack
11 Октомври бр 25
1000 Скопје, Македонија
Telefon:+389 2 3209 188
Email: info.mk@clickattack.com

Дознај повеќе