iBeacons

Заедно со постојаниот развој и напредок на интернет маркетингот, и т.н. iBeacon технологијата сигурно го подигна рекламирањето на ново ниво. Маркетингот според локација е базиран на апликации поврзани со beacon уредите, користејќи го мобилниот уред за да се открие локацијата на корисниокт а потоа испорачува содржина базирана на корисничката локација и време. Извештаите покажуваат дека интеракцијата со производите е зголемена 19 пати, a 16.5 пати е повисоко користењето на апликациите на продавниците кај корисниците кои добиле beacon порака.

Во меѓувреме, системот постојано го анализира корисничкото однесување и ги користи соберените податоците со цел подобрување на идните понуди. Замислете дека сте на уметничка изложба. Можете да добиете препорака за други изложби базирано на сликите кои сте ги гледале. Посетителите може да бидат водени низ целата изложба во реално време според нивната локација. Нема потреба од опис до самите сликите бидејќи луѓето ја добиваат информацијата автоматски на нивните телефони. Како пример, Beacons може да бидат поставени во казината, блиску до масите за играње или во барот, овозможувајќи поврзување со корисниците во зависност од нивното однесување во текот на обложувањето.

Beacon не е фиксиран за една локација, односно може да биде поставено било каде, што му дава предност пред GPS уредите. Составен е емитувач (beacon уред) и примател (смартфон апликација). Несомнено е дека iBeacon ја менува иднината на купувањето и ние можеме да ви го понудиме во нашиот регион.

Што ви нуди Click Attack?

ic_long_range@2xПодобро од GPS. GPS сигналите имаат проблем да продрат преку објекти од челик и стакло. Карактеристичната микро-локациска технологија на iBeacon го решава овој проблем.

ic_long_range@2xНапредна технологија. Поевтините уреди ги емитуваат само основниот iBeacon протокол, додека другите нудат дополнителни карактеристики како сензори за температура, контрола на движење, активација на звук или светло.

ic_long_range@2xПрепораки за купување. Продавниците ќе можат да испраќаат препораки за купување базирани на подрачјата од интерес или според претходни купувања. Се чини дека 53% од купувачите се подготвени да ја споделат својата моментална локација за да добиваат релевантни реклами. Тоа е можност што не смее да се пропушти!

ic_long_range@2xПоврзани корисници. Корисниците најлесно се поврзуваат преку реклами базирани на локација отколку на класичен маркетинг, а интеракцијата преку дисплеј е секако позабавен начин за поврзување.

ic_long_range@2xПовисока стапка на конверзија. Дали се прашувате како маркетингот според близина влијае на малопрожбата? Денес можете да испраќате “on-the-fly” маркетинг пораки на корисниците на мобилни уреди кои се блиску до вашите претставништва и со креативна понуда да ги поканите да ве посетат. Тренд е кај купувачите да ги гледаат понудите на своите мобилни уреди додека се во продавница.

ic_long_range@2xЗголемување на популарноста на апликациите. Beacons може да им помогне на продавниците да ги зголемат инсталациите на својата апликации.

ic_long_range@2xПродлабочување на врските со корисници. Со можноста за брзо поврзување, beacons ги обединува продавачите со нивните корисници, поттикнува лојалност и го подобрува корисничкото искуство.

ic_long_range@2xПерсонализирано корисничко искуство. Испратете персонализирани понуди на ниво на департман, попусти и препораки за корисниците. Потрошувачите се среќни кога ќе добијат персоналните пораки, особено од трговците на мало.

ic_long_range@2xДетален преглед. Следете го секој аспект од искуството базирано на микро локацијата како моментална ангажираност на beacon-от, поврзувањето со апликации и добивање на увид во ефикасноста на кампањите во реално време со детални извештаи и анализи.

ic_long_range@2xНема проблеми со сигурноста. Beacons никогаш не чува информации за давателот на услугата, позицијата, продуктот или сопственикот на смарт телефонот. 

Соработувајте со нас!

Бидете меѓу пионерите на “proximity” маркетингот како Coca-Cola, Procter & Gamble, Levi’s, Kraft, и поврзете ги со забава корисниците со вашиот бренд, зголемете ја лојалноста и приходите од продажбата.

Стартувајте со iBeacons

Наши задоволни клиенти

Контакт

ClickAttack
11 Октомври бр 25
1000 Скопје, Македонија
Telefon:+389 2 3209 188
Email: info.mk@clickattack.com

Дознај повеќе